Офис ком

ЗА НАС

Нашата фирма во својство на инвеститор на деловни и станбени згради се занимава со изнаоѓање на локации, подготовка на проект кој ги задоволува потребите на современите семејства, а потоа со имплементирање на современи материјали и елементи, а притоа запазувајќи ги стандардите за градење, изградба на објект, секако со ангажирање на стручен тим, за да на крај се добие модерна и квалитетна градба. Обезбедување на квалитетен производ и услуга, почитување на предвидените и договорените рокови, одговорност, посветеност и стручност е основа на која нашата фирма го гради деловниот успех и својот понатамошен развој. За нас зборовите вистински и чесно не се просто зборови туку основи на кои се темели нашето работење, така како што се циглите и бетонот во основата на нашите згради. Важно е тоа што го правиш, а не тоа што го зборуваш.Затоа тимот кој работи во нашата фирма се стреми посакуваниот дом на секој клиент да стане реалност.Довербата е филозофијата на нашиот бизнис.

Со нашето одговорно однесување кон работата успеавме да ја добиеме довербата на многу клиенти од земјата и странство. За нас се важни долгорочните взаемни односи, базирани на коректност и професионализам, кое е гаранција за успех и стабилен развиток. Наша цел: трајно вселување на фирмата на пазарот на недвижности на територијата на Скопје, преку изградба на објекти, кои се пример за квалитет, дизајн и функционалност. Нашиот концепт е оптимална организација, раководство и контрола на процесот на градба и висок квалитет на крајниот производ. Нашата филозофија е дека ние не само што градиме, туку и гарантираме и го поддржуваме изграденото од нас.



ЗА НАС

Обезбедувањето на квалитетен производ и услуга, почитување на предвидените и договорените рокови, одговорност, посветеност и стручност е основа на која нашата фирма го гради деловниот успех и својот понатамошен развој.

FACEBOOK

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Владимир Комаров бр. 27/4-1, 1000 , Скопје, MK

ofiskom@ofiskom.mk | prodazba@ofiskom.mk

+389 2 2403 503 / +078 351 910

Пон - Пет 08:00 - 17:00

Саб 08:00 - 15:00